Search

Швајцариja: Старица среде улица убила дете со потекло од Косово

Во Базел 75-годишна жена, среде улица, со нож смртно го повредила седумгодишното момче Мегдим Л. со потеколо од Косово, кој се враќал дома од училиште.

Мегдим, чии родители од Липљан се доселиле Базел, во четвтрокот се се враќал дома од настава, кога на само 200 метри од училиштето го нападнала старицата.

Таа со нож го избодела детето и го оставила да лежи во локва крв на тротоарот.

Учителка, која се наоѓала на неколку метри од местото на злосторството, го пронашла прободеното момче и повикала итна помош. Во болницата, лекарите се обиделе да го спасат животот на детето, но не успеале.

Полицијата веднаш започнала потрага по жената убиец.

Кратко време по злосторствот, старата жена, која е швајцарски државјанин, се пријавила во обвинителството и признала дека таа го нападнала детето.

Портпаролот на полицијата, Петер Гил, соопшти дека распитот е во тек и дека не може ништо да каже пред истиот да заврши. Во меѓувреме полицијата бара сведоци на злосторот.

Некои од нив, според швајцарскиот печат, рекле дека детето било прободено во пределот на вратот и дека лежело на асфалт каде имало многу крв.

Мајката на момчето била известена за трагичниот настан дури по неколку часа. Инаку, таа веќе седум години живеела во Швајцарија, а нејзиниот сопруг израснал во Базел. Обично секој ден го земала својот син, но на кобниот ден не можела да го стори тоа бидејќи нејзиното помало дете било болно.

Засега позадината за овој напад е непозната, а станарите од околните згради рекле дека слушнале расправија.

Треба да знаете
Последни објави