Search

Швајцарија суспендираше враќање мигранти во Хрватска

Швајцарскиот федерален управен суд го суспендираше враќањето на баратели на азил и мигрантите според Даблинската конвенцијата во Хрватска, поради полициското насилство врз бегалците.

Судот врати на повторно одлучување во првостепен суд одлука во случај на едно лице со сириско државјанство и бара азил во Швајцарија.

Лицето пред судот изјави дека 18 пати доживеало присилно враќање од хрватската граница, што, како што изјави, ја оставило со физички и психолошки последици.

Таа пресуда ги потврди сведочењата на бегалците и бројните извештаи од меѓународните организации, за хрватските институции и медиумите, кои со години предупредуваат на континуираната практика на хрватската полиција.

Сите тие извештаи наведуваат дека мигрантите не биле во можност да бараат азил, и биле присилно вратени во Босна и Херцеговина, спротивно на процедурата.

Треба да знаете
Последни објави