Search

Швајцарија не му издаде влезна виза за Карпов за учество на проекцијата на филмот „Светски шампион” во Женева

Швајцарија не му издаде виза за влез во државата на поранешниот светски шампион во шах Анатолиј Карпов.

Ова го соопшти официјалниот претставник на руското Министерство з анадворешни работи, Марија Захарова.

– Швајцарија не му издаде влезна виза на Анатолиј Карпов за учество на демонстрациите на филмот „Светски шампион” во седиштето на ООН во Женева.

Берн демонстрира неспособност да води политика на неутралност, што многу години го сметаше за негово достигнување, е ставот на Захарова.

Карпов е 12-от светски првак во шах. Тој во април 1975 година е официјално прогласен за шампион по одбивањето на Американецот Роберт Фишир да игра против него за да ја брани титулата. Следните десет години Карпов доминираше во светот, а потоа на тронот доаѓа неговиот тогашен лут ривал и сонародник Гари Каспаров.

Треба да знаете
Последни објави