Search

Швајцарија наместо во Цуг ќе ја нагости Македонија во Шафхаузаен

Македонската ракометна репрезентација на 4 и 7 ноември треба да ги одигра првите мечеви од 7. квалификациска група за ЕП-2022, кое ќе се одржи во Унгарија и Словачка. Стартот на квалификациите е во Скопје со содветната селекција на Финска, а на 7 ноември „црвено-жолтата “ експедиција ќе гостува во Швајцарија.

Швајцарците кои го имаа највено одигрувањето на овој натпреавр во Цуг во последен момент се одлучија да ја смената локацијата и со Македонија да го одиграат натпреварот во Шафхаузаен. Средбата меѓу Швајцарија и Македонија ќе започне од 18,30 часот и ќе се игра во  „ББЦ Арена“.

Покрај овие три селекции во групата 7 настапува и фаворитот  Данска. На крајот од квалифиакцискиот циклус пласман на завршниот турнир во Унгарија и Словачка ќе обезбедата најдобрите две селекции од секоја група, како и четирите најдобри третопласирани селекции од сите осум групи.

Треба да знаете
Последни објави