Search

Швајцарија ги затвори војниците во касарните од кантонот Тесин поради страв од коронавирусот

Ширењето на коронавирусот во Европа многу влади наведе на преземање необични заштитни мерки, каква што е и онаа од Швајцарија, каде првите луѓе на  воената команда во кантонот Тесин, што се граничи со Италија, на војската и наредија да не ги напушта касарните.

Военото раководство наредило забрана за излегување од касарната за сите припадници на војската во тој дел на земјата.

Со тоа се сака да се спречи војниците да се движат меѓу населението и на тој начин да се заразат со коронависурот.

Од оваа мерка на военото раководство, освен касарните, погодени се и воените училишта во Аирола, Монте Центри и Исоне.

Треба да знаете
Последни објави