Search

Шварценегер се чувствува одлично по операцијата на срце

Арнолд Шварценегер беше подложен на операција на срцето изминатиов викенд.

Sвездата на „Терминатор“ се чувствува одлично откако му вградија нов аортен залисток.

Акциониот херој  објави своја фотографија од болничкиот кревет во клиниката во Кливлент и му се заблагодари на болничкиот персонал.

„Благодарејќи на тимот на клиниката во Кливленд, имам нов аортен залисток заедно со мојот нов белодробен залисток од мојата последна операција. Се чувствувам фантастично и веќе одев по улиците на Кливленд уживајќи во вашите неверојатни статуи. Благодарам на секој доктор и медицинска сестра во мојот тим,” тој напиша на Твитер.

Треба да знаете
Последни објави