Search

Шварценегер имал итна операција на срцето

Ѕвездата на акционите филмови, Арнолд Шварценегер, се чувствува фантастично откако бил подложен на операција на срцето.

-Имам нов аортен залисток заедно со мојот нов белодробен залисток од претходната операција. Се чувствувам фантастично и веќе шетам по улиците на Кливленд – објави актерот и поранешен гувернер на Калифорнија на Твитер во петокот.

Шварценегер (73) исто така објави фотографија од болничкиот кревет од клиника во Кливленд и им се заблагодари на вработените во болницата.

Актерот е роден со срцева мана. Тој имал операција на отворено срце во 2018 година кога му бил заменет залистокот.

Треба да знаете
Последни објави