Search

Шварценегер ги покажа мускулестите нозе

Тој стекна светска слава со бодибилдинг кога го препознаваа под псевдонимот австриски даб.

И децении потоа Арнолд Шварценегер одржува форма, па така и оваа недела ја почна со вообичаеното возење велосипед покрај плажа.

73-годишниот поранешен гувернер на Калифорнија ги покажа мускулестите нозе додека се движеше по велосипедската патека на плажата Вил Роџерс. Терминаторот се погрижи да преземе мерки на претпазливост и заштита со носење маска на лицето во тек на пандемија на коронавирусот.

Пред неколку дена Шварценегер се појави на „Инстаграм“ со својот син Џозеф Баена, кој оди по стапките на својот татко во бодибилдингот.

На фотографијата објавена од Џозеф (23) таткото и синот стојат пред мурал на кој се гледа Арни во најславните денови кога го нарекуваа австрискиот даб.

Треба да знаете
Последни објави