Search

Шаќири со два гола го реши „Јунајтед“, „Ливерпул“ пак на врвот

Во дербито на 17-тото премиерлигашко коло, „Ливерпул“ го совлада „Манчестер Јунајтед“ со 3:1 и повторно е на водечката позиција на табелата.

Натпреварот го реши Швајцарецот, Џердан Шаќири со головите во 73. и 80. минута за водство и конеен резултат. Претходно Садио Мане погоди за „Ливерпул“ во 24.минута, а Џес Лингард изедначи во 33 минута.

На останатите два неделни натпревара „Саутемптон“ му нанесе пораз на „Арсенал“ 3:2, а
„Брајтон“ загуби 1:2 од „Челзи“.

Табела: Ливерпул 45 бода, Манчестер Сити 44, Тотенхем 39, Челзи 37, Арсенал 34

Треба да знаете
Последни објави