Search

Шаќири во друштво на Меси и Роналдо- даде гол на секој од последните три Мундијали

Швајцарија ја победи Србија со 3:2 и на тој начин си обезбеди место во осминафиналето на Светското првенство каде за противник ќе ја има Португалија. Победата на Швајцарија против Србија ја најави Џердан Шаќири кој постигна гол за 1:0. Србите потоа направија пресврт и водеа со 2:1, но Швајцарија покажа сила и со два нови гола стигна до триумф од 3:2.

Голот што го постигна Шаќири има посебно значење затоа што швајцарскиот репрезентативец влезе во друштво на Лионел Меси и Кристијано Роналдо. Тоа се единствените тројца фудбалери кои постигнале барем по еден погодок на последните три Светски првенства. Шаќири погодуваше за Швајцарија и на Мундијалите во 2014 и 2018 година, нешто што им успеало само уште на најдобрите двајца фудаблери во последните неколку децении, Меси и Роналдо.

Треба да знаете
Последни објави