Search

Шахпаска со претставници од Националното здружение “Храбро срце”

Денес министерката за труд и социјална политика Јагода Шахпаска оствари средба со претставници на Националното здружение на пациенти со механичка циркулаторна потпора на срцето и нивните поддржувачи “Храбро срце”.

На средбата, министерката Шахпаска ги слушна предизвиците  кои ги имаат оваа група на граѓани и изрази уверување дека МТСП ќе биде нивен партнер во надминување на сите потешкотии кои се од надлежност на ресорот кој таа го претставува.

Воедно, таа ги охрабри присутните претставници, во име на сите останати граѓани коишто ги претставуваат, континуирано да зборуваат за нивните потреби и во редовна комуникација да ги презентираат кај надлежните институции.

Таа на крајот истакна дека сите овие групи на граѓани се високо на агендата во насока на градење на општество во коешто во континуитет ќе се создаваат подобри услови за сите.

Треба да знаете
Последни објави