Search

Шахпаска: Со Законот за социјална заштита се воведува „семеен пакет на права“

На денешната седница беше изгласан Законот за социјална заштита кој е од особено значење за граѓаните. Суштински се менува на подобро системот на социјална заштита и начинот на којшто се грижиме за ранливите групи граѓани, градиме фер и праведно општество за сите, изјави на прес конференција, Јагода Шахпаска, пратеничка од СДСМ и коалицијата.

Таа нагаси дека со Законот се воведува „семеен пакет на права“ со кој значително ќе се зголеми паричната поддршка за семејствата во социјален ризик.

-Овој пакет обезбедува гарантирана минимална помош, додаток за попреченост, енергетски додаток, детски додаток и образовен додаток. Социјалната помош од сегашните 3.900 денари ќе порасне на нешто повеќе од 11 илјади денари, односно речиси за 300 отсто. Истовремено, се олеснува пристапот до надоместокот на 24 000 домаќинства кои во моментот добиваат социјална помош, а се отвора можност да бидат опфатени и дополнителни 11.000 домаќинства. Освен зголемувањето на висината на социјалната помош, со новиот Закон се зголемува опфатот на лица кои добиваат детски и образовен додаток. За разлика од 3.200 деца кои досега добиваа детски додаток, со новиот детски и образовен додаток опфатени ќе бидат над 60.000 деца. Оваa мерка има за цел да извлекува од детска сиромаштија. Ова се само дел од од мерките во новиот Закон за социјална заштита кои имаат за цел извлекување од сиромаштија. Се заокружува социјалната реформа која има за цел градење на фер и праведно општество за сите. Покажеме одговорност, солидарност, обезбедивме подобра живејачка и повисок животен стандард за сите граѓани, рече Шахпаска.

Треба да знаете
Последни објави