Search

Шахпаска од Свети Николе: Младите се нашата иднина,продолжуваме да инвестираме во нив уште повеќе и уште подобро

-„Младите се иднината на секоја држава, вклучително и нашата држава. Преку Оперативниот план на Миниостерството за труд и социјална политика и Агенцијата за вработување се воведоа и применија голем број на мерки кои се насочени кон задржување на младите во нашата држава. Само последната година за овие мерки беа издвоени 1.3 милијарди денари ,средства за доквалификација,преквалификација, обуки,курсеви со цел добивање на професија која е барана на пазарот на трудот.”-истакна Јагода Шахпаска на прашањето за која е понудата за младите, атрактивна да останат во својата земја и започнат свој бизнис.

Таа ги посочи и грантовите за самовработување во износ од 5000-10000 евра, од кои 40% добиле млади луѓе до 29 години, потоа младинскиот додаток  од 3000 денари,за младите до 23 години кои  работат во производство но и вложувањето во младите доктори, со што го направивме атрактивно јавното здравство. Но и проектите преку Фондот за иновации ,каде беа доделени 48- проекти во вредност од 1.8 милиони евра. Фондови за учење на занаети и бесплатни курсеви за младите е понудата која е опфатена со програмата за следните 4 години.

-„Вашето место е овде дома, со вашите родители,пријатели , во оваа земја која заеднички треба да ја градиме.”-им порача на младите, Шахпаска.

Треба да знаете
Последни објави