Search

Шахпаска избрана за претседателка на Верификациската комисија

Со интонирање на химната почна првата седница на новиот парламентарен состав која се одржува во салата Голема купола поради заштита од ширење на ковид-19. Со седницата претседава претседателот на Собранието во заминување Талат Џафери. Пратениците гласаат со картончиња, затоа што во новата сала нема електронски систем за гласање.

Според предвидените точки на дневиот ред на седницата ќе се изврши избор на претседател и членови на Верификациската комисија на Собранието, а потоа ќе следи верификација на мандатите на пратениците во Собранието. За претседател на Верификационата комисија е избрана пратеничката Јагода Шахпаска, по што Џафери даде пауза од половина час.

На денешната седница се очекува да  се избере и претседател, заменик на претседателот, членови и нивни заменици на Комисијата за прашања на изборите и именувањата на Собранието.

Во Уставот е предвидено претседателот на државата во рок од десет дена од конституирањето на Собранието мандатот за состав на владата да го довери на кандидат на партијата, односно партиите што имаат мнозинство во парламентот. Мандатарот во рок од 20 дена од денот на доверувањето на мандатот, на Собранието му поднесува програма и го предлага составот на Владата. Владата, на предлог на мандатарот и врз основа на програмата, ја избира Собранието со мнозинство гласови од вкупниот број пратеници.

Треба да знаете
Последни објави