Search

Шахпаска : Во оваа држава конечно сите треба да сме еднакви пред законите, а тоа новиот закон за Јавно обвинителство го гарантира

Покрај сите опструкции, како што слушнавме и во бомбите СЈО никако да не постои како институција, со 2/3 мнозинство , 80 гласови, Законот за Јавно обвинителство беше изгласан, донесен во Собранието и од вчера е на сила. Тоа значи избор на судии според МЕРИТ системот, според квалификации, да нема никакво влијание во назначувањето на судии. Тоа се работи во кои законодавната и извршната власт не смее да се меша.-посочи Јагода Шахпаска на гостувањето на Националниот телевизиски сервис во  емисијата Парламентарни избори 2020.
Правда мора да биде испорачана. Во оваа држава конечно сите треба да сме еднакви пред законите, а тоа новиот закон го гарантира. –рече Шахпаска.
Таа посочи дека предметите од СЈО нема да згаснат, тие мора да имаат судска завршница.
Ние мораме да испорачаме правда.Тоа е наша заложба и убедена сум дека тоа ќе се случи.-истакна Шахпаска.
Во новата програма на СДСМ за следните 4 години стои дека на секој судија ќе му биде проверена имотната состојба, ревизија на донесените пресуди по случаен избор,нема да има диригиран судски систем за прераспределба на предмети, тоа ќе биде на начин како што е предвидено во законот. А во случај кога имаме висока корупција, имаме можност од барање на меѓународна поддршка, во смисла на арбитер и следење на процесите.-истакна Шахпаска.
Треба да знаете
Последни објави