Search

Шахпаска: Активно учествуваме во креирање на мерки кои помагаат во препознавање и превенција на насилство врз жените

Пратеничката на СДСМ Јагода Шахпаска, заедно со поранешната координаторка на форумот на жени на СДСМ, Цветанка Иванова, вечерва учествуваа на трибина “Стоп за насилство против жените и девојчињата, нема оправдување” посветена на борбата против семејното и родово базирано насилство која се одржа во рамките на одбележувањето на 16 дена активизам во организација на Форумот на жени на СДСМ – Аеродром.

Шахпска истакна дека борбата не е завршена затоа што иако се поретки, се уште има случаи на насилство врз жените, особено на работното место, затоа жените пратенички се активно вклучени во креирањето на мерки и политики кои ќе помогнаат во препознавањето на мобингот и веднаш да се превенира.

Пратеничката Шахпаска се осврна и на тоа дека како партија се залагаме за еднаквиот пристап на жените во политиката, и токму поради тоа први како партија ја покренавме инцијативата за 50-50 на пратеничките листи, каде еднакво присусво на листите ќе имаат и мажите и жените.

Тоа е голем исчекор за партијата, и воопшто за жените во нашата држава, потенцираше Шахпаска.

Поранешната координаторика на Форумот на Жени на СДСМ, Иванова се осврна на тоа дека без присуство на жените во Собранието, нема да може да се донесат квалитетни законски решенија кои ги засегааат токму жените, како што се репродуктивните права, правата за еднакво родидтелство на мажите и жените, правото за породилно отсутво и ред други закони.

Денес, се повеќе жени пријавуваат семејно насилство, а тоа не беше карактеристично во минатото, тогаш жените се срамеа да пријават семејно насилство или пак што е најстрашно проблемот го гледаа во себе. Денес тоа не е така, бидејќи жените знаат дека насилството врз нив, значи и насилство врз децата, и дека тоа не е само семеен проблем, туку и општествен проблем кои треба да се сподели и да се работи истите да се решаваат и да не се случуваат, потенцираше Иванова.

Треба да знаете
Последни објави