Search

Шарапова: Нема ништо подобро од вечерен меч на УС Опен

Руската тенисерка Марија Шарапова зборуваше за карактеристиките на УС Опен каде во тек се квалификациите за главниот турнир.

– Без разлика каде се наоѓате во светот, кога ќе стигнете во Њујорк, има нешто многу возбудливо. Чувствувате како спортската публика да е зад вас, чувствувате енергија. Спортистите секогаш велат дека нема ништо подобро од вечерен меч на УС Опен, и јас целосно се согласувам со тоа, истакна Шарапова.

Тенискит гренд слем турнир во Њујорк ќе трае до 8 септември, а денеска ќе бидат извлечени двојките за првото коло.

Треба да знаете
Последни објави