Search

Шаповалов жестоко по Надал: Не е коректен, има заштита од судиите, каде е границата

Денис Шаповалов не можеше да се смири по мечот со Рафаел Надал и поразот во четвртфиналето на Австралија опен во пет сета. За време на дуелот тој имаше жестоки разговори со судијата Бернардес дали Шпанецот постојано ја пробива границата меѓу поените и подготвката на сервисот.

Тој водеше и вербални дуели со Шпанецот, а на прес-конференцијата продолжи да биде многу остар.

-Тоа што го прави Надал е некоректно, а тој секогаш се извлекува со тоа. Не е логично јас да сум целосно подготвен и часовникот покажува нула, а тие не го казнуваат. Можам да поминам минута и пол чекајќи го без да добие предупредување“, рече тој.

Шаповалов продолжи со истиот тон.

-По четвртиот сет оди во соблекувалната, Бернардес ми кажа дека е на медицински прегледи, а тоа веќе го направија на теренот. Кога се врати гледам отиде во тоалет да се пресоблече. Каде е границата Многу е фрустрирачки да сфатиш дека не играш само против играчите, туку и против судиите, коментира Канаѓанецот и нагласи:

-И мене ми беше жешко, и исцрпен сум, но не отидов да се пресоблечам.

Запрашан дали Рафаел Надал има повластен третман, Канаѓанецот беше многу остар.

-Има сто проценти. На натпреварите што ги играме ритамот е брз, бидејќи судиите строго бараат да го почитуваме часовникот помеѓу поени , но тој може да прави што сака. Натпреварите против Рафа се долги, бидејќи тој одолговлекува, рече Шаповалов.

 

Треба да знаете
Последни објави