Search

Шампионска игра на Карпош во одбојка во Кисела Вода

Одбојкарките на oпштина Карпош се нови шампионки на ,,Купот Св Ѓорѓи”. Во финалниот натпревар избраничките на проф. Александра Николовска беа посупешни од своите врснички од oпштина Гази Баба, со резултат од 2:0. Со идентичен резултат заврши и средбата меѓу екипите на Центар и Кисела Вода.

Овде гледавме динамичен и неизвесен натпревар, каде одбојкарките на oпштината Центар беа поуспешни особено во финишот на двата сета, притоа освојувајќи го третото место.

Пехарите и дипломите на најуспешните, ги додели претседателот на Советот на Општина Кисела Вода, Дарио Шимиќ. Со завршувањето на одбојкарскиот турнир, практично заврши годинешното издание на ,,Купот Св Ѓорѓи”, кој изобилуваше со ревија на спортски таленти во футсал, кошарка и одбојка, од општините Кисела Вода, Карпош, Центар и Гази Баба.

Треба да знаете
Последни објави