Search

Шампионите го започнаа победнички плејофот на НБА

Шампионот на НБА, Голден Стејт запишаа успешен старт во плејофот на Западната конференција откако ги победија Л.А. Клиперс дома со 121:104 дома во првиот натпревар од четвртфиналната серија.

„Воините” презедоа контрола во средината на вториот дел и до полувремето водеа со 13 поени, по што не ја испуштија предноста до крајот.

Над сите на теренот беше Стеф Кари со 38 поени, 15 скока и 7 асистенции, а Кевин Дурант додаде 23 поени за успехот. Дрејмонд Грин постигна 17 поени, 7 скока и 7 асистенции.

Вториот меч од серијата е за два дена повторно во Оукленд.

Средби од првото коло во плејофот на НБА (се игра до четири победи во седум натпревари):

Источна конференција:
Торонто – Орландо 101: 104
* Орландо води со 1:0 во серијата.
– – –
Филаделфија – Бруклин 102:111
* Бруклин води со 1:0 во серијата.

Западна конференција:
Голден Стејт – Лос Анџелес Клиперс 121:104
* Голден Стејт води со 1:0 во серијата.
– – –
Денвер – Сан Антонио 96:101
* Сан Антонио води со 1:0 во серијата.

Треба да знаете
Последни објави