Search

Шалке го отпушти Вагнер

Шалке 04 го отпушти тренерот Давид Вагнер по лошиот почеток на кампањата, објави клубот од Бундеслигата.

Тимот беше поразен со 0:8 од шампионот Баерн Минхен во првото коло минатиот викенд, а вчера претрпе пораз од Вердер Бремен со 1:3.

– Шалке 04 го ослободи Давид Вагнер од своите должности со непосреден ефект, соопшти клубот на Твитер.

Четириесет и осум-годишниот Вагнер се приклучи на Шалке 04 во првата половина на минатата сезона.

Раководството на германскиот тим соопшти дека во наредните денови ќе назначат негов наследник.

Во сите 58 изданија на Бундеслигата, Вагнер е само четвртиот тренер кој е ослободен по два натпревари од почетокот на сезоната.

Тој имаше договор со клубот до 2022 година.

Треба да знаете
Последни објави