Search

Шабани и Фазлиу со демат за кривичните пријави од Финансиската полиција

Поранешниот министер за локална самоуправа Лирим Шабани во врска со кривичната пријава поднесена од Финансиската полиција до Oсновното јавно обвинителство за незаконска исплата на пари од проект на ИПА фондовите, вели дека сумата на парите со кои е оштетен буџетот на државата е сумата на хонорарите што ја потрошиле вработени, односно раководни лица од Одделот за менаџирање за ИПА фондови за евалуација на проектот за пракугранична соработка со Република Бугарија.

– Трошоците се направени за покривање на патни налози и нивната евалуација во Бугарија. Сумата е одбележана од ревизорите од надлежните институции што го надгледувале спроведувањето на проектите, вели тој.

Шабани констатира дека вработените после ревизијата ги вратиле парите на легален начин и дека паѓа секоја претензија за можна злоупотреба на буџетот на Министерството или државата.

Освен Шабани, кривична пријава заработи и актуелниот министер за локална самоуправа Сухејл Фазлиу, како и државната советничка за европски интеграции и одговорната за спроведување на ИПА оперативна програма меѓу Македонија и Бугарија во периодот од 2015 и 2017 година.

Актуелниот министер за локална самоуправа Сухеј Фазлиу во врска со синоќешните јавни обвинувања од страна на медиумите, а во име на Финансиската полиција вели дека припаѓаат на времето и мандатот кога со ова Министерство управувал некој друг.

– Во мое време, пред една година овој случај е затворен. Им наложив на споменатите соработници во обвинувањата да ги вратат средствата- и средствата беа вратени. Објавувањето на овој случај, конкретно во ова време, и тенденцијата по секоја цена во име на финанасиската полиција да се стави дамка на моето име и мојата личност е пратено на погрешна адреса, рече Фазлиу.

Министерот Фазлиу апелира до сите релевантни институции во државата, а исто и до финансиската полиција сериозно да се зафатат со истражување, откривање и документирање на злоупотребите, корупцијата во сите сегменти на државата, без да поштеди ниту поединец, ниту група на организиран криминал.

– Крајно време е раководителот на Управата за финансиска полиција сериозно да се зафати со реалните злоупотреби кои се вкоренети во Македонија во последните 20- 30 години, и да не дозволи да стане дел од политичките игри барајќи криминал таму кадешто не му е место, а затворајќи очи таму кадешто и слепиот гледа реален и организиран криминал, вели Фазлиу.

Треба да знаете
Последни објави