Search

Чупиќ: За да се победи екипа од калибарот на Кјелце треба да се игра добро во континуитет

Ракометарите на Вардар го доживејаа првиот пораз како домаќини во новата сезона од Лигата на шампионите кои ги игра пред прљазни трибини поради здравствено-безбедносните протоколи во битката со пандемијата предизвикана од коронавирусот. По триумфот над Фленсбург и ремито со Порто, од  Скопје со победа си заминува полскиот првак Кјелце (29-33).

Според хрватскиот ракометен интернационалец  Иван Чупиќ кој своевремено беше и дел од тимот на Кјелце со кого има освоено трофеј во ЛШ, како и со Вардар, голманот на полскиот тим Вулф е најзаслужниот за ваквиот исход на 11 пресметка меѓу овие две екипи.

-Не знам што паметно да кажам. Добро почнавме со неколку лесни погодоци и пробавме
да го спречиме контранападот на Кјелце, бидејќи знаеме дека казнуваат грешки на ривалот. Се
подготовивме за таква игра, но ако грешиш и брзо ќе го загубиш водство. Во вториот дел ја сменивме одбраната во 6-0 бидејќи знаеме за индивидуалните квалитети на Карачиќ и Душебаев, направивме неколку голови во серија. Но кога имавме двајца играчи повеќе, Вулф одбрани две топки, ги казнија нашите грешки и тешко беше да се вратиме против екипа како Кјелце. Тие се екипа од европскиот врв и играа на долги напади. За да се победи ваква екипа треба да се игра добро во континуитет низ целиот натпреавр. Ни дадоа добар пример, како треба и ние да играме во продолжението од ЛШ, да знаеме понекогаш и кога не играме најдобро, да победиме. Имавме наши моменти, но таква игра на периоди против врвни екипи не носи победи. Имавме црни минути и во прво и во второ полувреме. За седум дена не чека  нов натпревар на теренот на противникот, изјави Чупиќ по мечот во Скопје.

Треба да знаете
Последни објави