Search

Чулев со шефот на Мисијата на ОБСЕ: Континуирана соработка за спроведување фер и демократски избори

Министерот за внатрешни работи Наќе Чулев се сретна со шефот на Мисијата на ОБСЕ, амбасадорот Клеменс Која. На средбата амбасадорот Која беше запознат со заложбите на Министерството за внатрешни работи за организирањето фер и демократски избори и активностите на полицијата во таа насока.

Чулев побара поддршка од  Мисијата на ОБСЕ особено за одржувањето обуки за новите полициски службеници кои за првпат во својата служба ќе се соочат со работни задачи поврзани со изборниот процес. Двајцата соговорници договорија континуирана комуникација и интензивирање на меѓусебната соработка со цел успешна имплементација на активностите поврзани со претстојните парламентарни избори.

Треба да знаете
Последни објави