Search

Чулев: Обвинувањата од Владата се политички во пресрет на парламентарните избори

Техничкиот министер за внатрешни работи Наќе Чулев, во интервју за ТВ Сител, изјави дека обвинувањата на Владата и владејчката партија дека тој е виновникот за драстичниот зголемен број на новозарзени од КОВИД-19 во државата, ги смета како политички обвинувања во пресрет на парламентарните избори.

– Сите одлуки и уредби донесени од Владата, без разлика што јас некогаш имав различно мислење и укажував на одредени потешкоти во имплементација на одредени одлуки на самиот терен, во Министерството за внатрешни работи, преку Бирото за јавна безбедност, на дневна основа правевме координаци и максимално се залагавме во насока на нивно најефикасно имплементирање. Мора да кажам дека Министерството за внатрешни работи во овој период е многу оптоварено, имаме бројни обврски, имаме ограничувачки капацитети, истакна министерот Чулев.

Тој нагласи дека Министерството за внатрешни работи постапува за случаите каде беше прекршен полицискиот час.

– Во тек се и контроли на постапување на полицијата во сите сектори за внатрешни работи. Со оглед на огромниот обем на работни активности и задачи, и огромниот број на припадници на вработени во МВР, грешки и пропусти се можни, и јас не велам дека не се направени грешки. Грешки се направени и во мое име се извинувам. Меѓутоа генерално јас сум задоволен од постапување на припадниците на МВР, бидејќи тие деноноќно се на терен, под огромен притисок на јавноста. Полицијата не може да биде присутна на секое сокаќе, на секое место, на секој маркет, изјави Чулев.

Треба да знаете
Последни објави