Search

Чулев најави информации за криминал на носители на јавни инфукции

Министерството за внатрешни работи ќе објавува информации за носители на јавни функции кои се можни сторители на кривични дела, најави техничкиот министер за внатрешни рботи, Наќе Чулев.

Тој не прецизираше за какви дела станува збор, ниту за кои функционери, но кажа дека МВР не ја изгубило откривачката функција и има активности за откривање на сторители на кривични дела во областа на организираниот криминал и корупција.

-Во однос на истрагите кои ги најавив, сакав да кажам дека во изминатиов период како МВР, покрај концентрацијата за спроведување на мерките на Владата за заштита на здравјето на граѓаните, МВР не ја изгуби откривачката функција, односно активностите во областа на откривање на сторители на кривични дела посебно во областа на организираниот криминал и корупцијата, па и во овој дел. Во наредниот период ќе објавуваме исто така и информации и за одредени носители на јавни функции за кои веќе има одредени добиени информации, а кои се можни сторители на кривични дела, рече Чулев.

https://youtu.be/pMqq9UhELAo

Тој додаде дека во изминатиот период не сакал да ја оптеретува јавноста со овие информации, бидејќи, општеството било сконцентрирано кон спречување на ширењето на коронавирусот.

– Со олабавување на мерките од Владата, мислам дека се отвора простор да ја информираме јавноста за оној друг аспект од работата на МВР, за да не се добие впечаток дека изминатите три месеци сме насочени само кон мерките за заштита од Ковид-19. Имавме сериозни предизвици во
спречување на илегалната миграција, додаде Чулев.

Треба да знаете
Последни објави