Search

Чулев: Директорот на „Еврокомпозит“ во четири очи договорил набавка на 15.000 рударски шлемови за 1,7 милиони евра

Министерот за внатрешни работи, Наќе Чулев во рамки на неговата посета на ОВР Прилеп информираше дека е поднесена кривична пријава до Основото јавно обвинителство за сторено кривично дело Злоупотреба на службената положба и овластување за директорот на „Еврокомпозит“.

-По дојава на вработени МВР отвори истрага и утврди дека директорот Златко Краоровски и неговиот стручен советник, Васил Коцев, без да го известат одборот на директори, а со намера да извлечат материјална корист пристапиле кон склучување на наводен договор со фирма од Гана во вредност од 1.725.000 евра за изработка на 15.000 рударски шлемови цена неколку пати повисока од реалните. Комуникацијата била преку приватни мејлови, а не преку службените на „Еврокомпозит“ и без да се провери бонитетот на фирмата. Уште покарактеристично е што му се исплатени пари на посредник, физичко лице, но и на други лица кои добивале пари преку „Маниграм“ за авториација на договорот пред Судот во Гана и за посредувањето во склучување на договорот. Од девизната сметка на фирмата на наводен адвокат во Гана му се префрлени 34.500 евра, иако немало договор, не е заведен ниту е преентиран пред одборот, рече Чулев.

https://www.facebook.com/NakjeChulev/videos/698519857381468/?t=4

Треба да знаете
Последни објави