Search

Чулев: Во ОЈО доставив поднесок за незаконското работење на АНБ

Министерот за внатрешни работи, Наќе Чулев на Фејсбук напиша дека денеска до Основното јавно обвинителство доставил соодветен поднесок кој се однесува на случајот кој тој го обелодени  вчера за утврдено кршење на законите, каде што поранешната Управа за безбедност и контраразузнавање (денес Агенција за национална безбедност) се уште ја има задржано посредничката улога во системот за следење на комуникации, односно сеуште не е целосно елиминирана техничката можност од евентуален увид во кривичните истраги кои се спроведуваат од страна на Министерството за внатрешни работи.

-Со поднесокот барам од страна на Јавното обвинителство да преземе активности во насока на спроведување на соодветна истрага со цел утврдување на фактичката состојба за постоење на одговорност на раководните лица во надлежните институции. Во однос на вчерашните соопштенија од страна на Агенцијата за национална безбедност јавноста треба да знае дека изнесените факти и аргументи воопшто не коресподентираат со мојата тематска прес конференција. Ниту еден елемент од соопштението не се однесува на негирање на изнесените факти од моја страна со кои што аргументирано укажав на кршење на законот за ОТА и Законот за следење на комуникации.

https://www.facebook.com/NakjeChulev/posts/162677258592410?__xts__%5B0%5D=68.ARCRh66PhQJw-O9nK7WgCevVeRMLeCGK2Km5Ps9HRDlFkUOcC8n8mtLXLJ_aWjR_OnQsWKbHcHOcmogPXfvF7Fw-RM6XX6zSn_bo6XgLkMYyX2uaz7lewkNxF-vOYr3yTyD3s3USZYTWb_kxeB4lDI7DYjc7GfSjtfDdk3t_OGxFN5eetyELq47g5bGQ28v-OpxrrmeLO5PVPAOE38lAkwwdeVzG0zzxcR3Tira12E6mg7VeUsZ4to5yBQJY4YQK6OimftZeNhyOAacd2gwfk_WwtT5h3NhhLBQa_8O1V-7k6pv37jZXjuQqFd1Vfw3zjbxUMdrOaDjHYAlNsL0&__tn__=-R

Впрочем и прикажаниот слајд на вчерашната прес конференција јасно и недвосмислено ја опишува состојбата во процесот на следење на комуникации. Во изјавата на поранешниот министер за внатрешни работи и самиот тој истакнува дека „како што е пропишано во законот, така и треба да се одвиваат сите постапки и сите изјави“ што впрочем значи дека во конкретниот случај истиот Оливер Спасовски во време на неговото раководење со Министерството за внатрешни работи, согласно со законот за ОТА и Законот за следење на комуникации требало да ја отстрани секоја техничка можност за посредничка улога на Агенцијата за национална безбедност, односно да воспостави директна техничка поврзаност на министерството со ОТА. Имајќи го предвид горенаведеното уште еднаш го повикувам јавното обвинителство да ги земе во предвид материјалните докази со кои располага министерството за внатрешни работи и да ја расчисти дилемата дали имало кршење на законите од страна на одговорните лица во релевантните институции, вели Чулев.

Треба да знаете
Последни објави