Search

Чудо на уништениот покрив на Нотр Дам: Над 200.000 пчели ја преживеале стихијата

Околу 200.000 пчели кои живеела во кошниците на познатата катедрала Нотр Дам ја преживеале огнената стихија, а експертите објаснија зошто чадот не ги убил.

Пчеларот на Нотр Дам, Николас Гент потврди дека пчелите се живи и дека се уште брмчат. Имено, кошниците на Нотр Дам биле поставени во 2013 година во рамките на иницијативата да се зголеми бројот на пчели низ Париз. Кошниците се сместени на врвот на сакристијата на јужната страна на катедралата, околу 30 метри под главниот покрив. Гент вели дека огнот ги заобиколил.

Европските пчели, за разлика од другит видови, остануваат во кошницата кога ја насетат опасност,  јадат мед и ја штитат матицата.

Гент вели дека може да им наштетат само на високите температури, но не и чадот.

-Наместо да ги убие, чадот би ги опил,  би ги успал. Ме растажи ова што се случил на катедралата, но да слушнам дека пчелите се уште се живи тоа е прекрасно. Благодарам на Бог што пламенот не дојде до нив. Тоа е чудо!”, рекол Гент.

Треба да знаете
Последни објави