Search

Чудно и лицемерно е што ВМРО-ДПМНЕ не го гласаше Законот за ЈО, кој содржи одредби за судење со докази, а наводно бара правда

Чудно и лицемерно од ВМРО-ДПМНЕ е што не го гласаа законот за ЈО каде се имплеметнирани правила за правда, одредби за судење со докази, гаранција дека сите се еднакви пред законот,  и бара правда, а не сака закон со кој судството е ослободено од стегите на политиката, истакна во дебатната емисија „И што сега” на МРТВ, пратеникот на СДСМ Диме Велковски.
Цел на СДСМ е дека правда мора да има, и тоа неселективна правда и затоа марширавме до судот, кому му испорачавме се што е потребно да суди професионално, по докази, да работи независно без тефтерчиња, без пресуди во фиоки, одложувања, боледувања, нагласи Велковски и изрази жалење што ВМРО-ДПМНЕ не се осмели да го гласа Законот за ЈО, туку правеше еден куп работи да не се донесе.
Жално е што пола раководство на ВМРО-ДПМНЕ е под докази за незодволени работи, истакна Велковски, нагласувајќи дека за тоа мора да има одговорност, како и за секој што нема да ги почитува законите во иднина.
Правда е клучниот сегмент за евроинтеграциите, нагласи Велковски, и потсети на извештајаот на Прибе, кој пред 3 години покажа дека државата е заробена и на резултатите постигнати за последните 2,5 години.
ВМРО-ДПМНЕ гласа врз основа на емоции и партиски одлуки, ја опстурираше работата на Собранието со поднесување на илјадници амндмани за десетина закони, не гласаше за законот за одбрана, а гласаше закон за служба во армијата, што е практично исто, рече Велковски.
Тој истакна дека тешките работи во државата ги завршува СДСМ, донесовме храбри одлуки, го зачувавме македонскиот идентитет, кој е препознаен и признат од целиот свет, на македонски јазик ќе се зборува во НАТО и во ЕУ, сите донесени закони и реформи во насока на членството во НАТО и почетокот на пристапни преговори со ЕУ,  се поздравени од меѓународната заедница и тоа од изолирана држава, која во 2015/16 година од ЕУ беше оценета како заробена држава, во која цвета корупција, а институциите и судстсвото не работат.
Граѓаните нека споредат како било 11 години, како било 2,5 години, истакна Велковски, додавајќи дека неспорно дека за 2 години имаме 200 милиони евра повеќе инвестиции, 60.000 нови работни места, раст на економијата од -1, 8 на 3,6 проценти, просечна плата зголемена за 3000 денари, минималаната плата е покачена од 9.000 на 14.500 денари.
Тој изрази надеж дека историската грешка на Брисел ќе биде исправена, а ВМРО-ДПМНЕ не може да го избегне фатот дека 2003/04 година бевме понапред од Хрватска и Бугарија во евроинтеграциите, и поради нив за 11 години останавме зад сите.
Имаме сериозни индиции дека некој од ВМРО-ДПМНЕ не сака да го добиеме датумот за почеток на пристапни преговори во март, иако декларираат дека се за евроатлантската интеграција на земјата, порача пратеникот на СДСМ Диме Велковски, во дебатната емисија„И што сега” на МРТВ.
Треба да знаете
Последни објави