Search

Чудна миризба над Хамбург – вторпат за една недела

Итните служби во германскиот пристанишен град Хамбург синоќа реагираа на поплаките на голем број жители поради „мистериозен лош мирис”, што се проширил во неколку градски населби.

Како што јави ДПА, пожарникарите со специјални возила се упатиле кон источните населби Уленхорст, Ајлбек и Вандсбек, откако добиле повеќе повици за „чуден мирис”.

Пом ова властите апелираа до жителите да ги затворат прозорците и вратите.

Противпожарните екипи до утринава, сепак, не можеа да го утврдат изворот на мирисот.

Смрдеата, кој портпаролот на противпожарната служба ја опиша како слична на употребено масло, исчезна во текот на ноќта.

– Нема индикации за опасност по здравјето на луѓето, изјави портпаролот на противпожарната бригада.

Смрдеа се ширеше и над пристаништето пред околу една недела. Противпожарната служба и тогаш доби голем број повици во врска со мирисот на гас во деловите на градот северно од реката Елба.

Причината беше откриена неколку часа подоцна на пристаништето. Службите за итни случаи изворот го опишаа како „хемиски нус-производ што предизвикува смрдеа”.

Треба да знаете
Последни објави