Search

Чуварка имала секс со затвореник, па и самата заврши зад решетки

Чуварка во британскиот затвор Фаркланд, се вљубила и стапила во врска со затвореник, па и самата заврши зад решетки.

Имено, Стефани Смитвајт, вработена во еден од најстрогите затвори во Велика Британија, имала сексуални односи со Куртис Ворен, кој е осуден на 23 години во тој затвор за трговија со дрога. Британските медиуми објавија и дека Смитвајт направила дупка во пантолоните на униформата, за да може при интимниот однос со Куртис во ноќните смени, побрзо да се тргне од него, во случај – некој да наиде.

Таа го негираше тоа на суд, но судијата одговори дека му е тешко да замисли за што друго би ѝ послужило дупчето во пантолоните. При претресот потоа, во нејзиниот дом се пронајдени околу 450 еротски писма, а во автомобилот бил пронајден мобилен телефон со повици кон само еден број. Со него, Смитвајт му се јавила 213 пати на Ворен.

Потоа таа ја признала врската, тврдејќи дека „се вљубила во погрешен човек во погрешна ситуација”. Нивната афера, според наводите, траела шест месеци.

Истрагата утврдила и дека жената скришно му носела дрога и оддавала доверливи податоци околу безбедноста на затворот. На иследниците им рекла дека била очајна и се надевала оти нејзината врска ќе продолжи и надвор од затворот.

Смитвајт е осуден на две години затвор.

Треба да знаете
Последни објави