Search

Чомовски: Како можеше Камчев да се исплаши од Боки 13

Александар Чомовски, кој работеше во 1ТВ во гостување на радиото Канал 77, изјави дека доколку Боки 13 бил под ПИ мерки и бил прислушуван, значи дека и новинарите од 1ТВ биле прислушувани.

Чомовски изјави исто така дека не му е јасно како еден бизнисмен како Орце Камчев би можел да се исплаши од човек како Бојан Јовановски.

о емисијата телефонски се вклучи и адвокатот Александар Тортевски, па го запраша Чомовски како такви новинарски имиња какви што имаше во 1ТВ не знаеле од каде му се парите на Јовановски.

– Ние не сме ниту адвокати, ниту УЈП – рече Чомовски и возврати со контра-прашање дали вработените кај адвокатот Тортевски знаат од каде му се нему парите.

 

Треба да знаете
Последни објави