Search

Човекот кој се сликаше покрај ковчегот на починатиот Марадона им се извини на Аргентинците

Човекот кој се сликаше покрај ковчегот со телото на починатиот фудбалски ас Диего Армандо Марадона добил отказ од работното место веднаш по објавувањето на сликата во јавноста. Откако ја увидел грешката што ја направиле со неговиот син, човек побара од аргентинската јавност да му прости за непромислениот потег.

Клаудио Фернандез е еден од тројцата кои се фотографираа покрај ковчегот со телото на починатиот Марадона. Откако сликите се појавија во јавност тој почнал да добива и закани.

Адвокатот на поранешниот фудбалски мајстгор марадона, Матијас Морла порача дека ќе преземе соодветни мерки против нив и порача дека ќе ги казни поради овој потег.

Фернандез се јавил сам и им се извинил на Аргентинците. Тој жали поради неговиот потег, а со него покрај ковчегот на Марадона се сликал и неговиот 18-годишен син.

-Се случи во секунда. Само ја кренав главата, а мојот син направи глупост и како секое 18-годишно момче го крена палецот нагоре. Ве молам, простете ни, изјавил Фернандез.

Треба да знаете
Последни објави