Search

Човекот кој го доведе Меси на „Камп Ноу“: Барса минатото лето направи историска грешка, одби да го купи…

Хосеп Марија Мингуелја засекогаш ќе биде значаен дел од историјата на Барселона, од едноставна причина што искусниот фудбалски работник беше човекот кој го доведе Лионел Меси од Аргентина во каталонскиот гигант, играч кој во изминативе десетина години е вистински лидер на првиот тим.

Ценетиот Шпанец кој во минатото беше близок соработник на Барселона каде извршуваше улоги како трансфер и скаут консултант, а сега при гостувањето во популарната емисија „Ла Портериа“ откри една информација која експресно предизвика фудбалски земјотрес, особено во Каталонија.

Мингуелја открива дека Барселона направила историска грешка непосредно по продажбата на Нејмар, бидејќи пропуштила шанса да го купи Килијан Мбапе кој самиот се понудил за трансфер на „Камп Ноу“.

– На 5 август минатата година, и го понудив Мбапе на Барселона. Од клубот не обрнаа внимание и одбија таква операција, а тоа мислам дека е грешка со големи, а можеби и историски последици. Мислам дека оваа грешка ќе ги одбележи наредните 10 години на Барселона. Неговиот татко ми порача дека Килијан ќе биде пресреќен ако заигра со Меси, – открива Мингуелја.

Треба да знаете
Последни објави