Search

Членот 23 од Законот за адвокатурата на седница на Уставен суд

Уставниот суд на Република Македонија на денешната седница треба да ја разгледа иницијативата поднесена за членот 23 од Законот за адвокатурата, што се однeсува на престанокот и мирувањето на правото на вршење адвокатска дејност.

Правото на вршење адвокатска дејност, што се пропишува во овој член, престанува под услови и во постапка утврдени со Законот за адвокатурата.

Правото на вршење адвокатска дејност на адвокатот му престанува ако: се откаже од правото на вршење адвокатска дејност, трајно ја загуби способноста за вршење на адвокатската дејност, го изгуби државјанството на Република Македонија, биде лишен од деловна способност или трајно ја загуби способноста за вршење адвокатска дејност, ако му е изречена мерка на безбедност забрана на вршење адвокатска дејност, не врши уплата на коморска членарина; му е одземена лиценцата за работа, не се осигура од одговорност за штета нанесена на странката.

Против одлуката за престанок на правото на вршење адвокатска дејност е дозволена жалба во рок од 15 дена од денот на приемот на одлуката до надлежниот орган на Адвокатската комора на Република Македонија.

Против конечната одлука на Адвокатската комора на Република Македонија може да се поведе управен спор, пред надлежен суд определен со закон.

Треба да знаете
Последни објави