Search

Членови на невладини организации дел од мрежа што помагала мигранти нелегално да стигнат на Лезбос

Кривични дела формирање криминална организација, шпионажа, издавање државни тајни и прекршување на Кодексот за миграција се вклучени во предметот против организирана мрежа која помагала мигранти, нелегално, преку островот Лезбос да влезат на грчка територија, а дел од мрежата се 35 лица од кои 33 се странски државјани- членови на четири невладини организации, јави дописничката на МИА од Атина.

Грчката полиција, спровела повеќемесечна истрага во соработка со Националната разузнавачка служа и со помош на повеќе сектори од полицијата, меѓу кои и оној за борба со тероризам, по што произлегле и организираните активности на конкретната мрежа на киумчари вмешана во најмалку 32 случаи.

-Хронолошки, активноста на организираната мрежа е најмалку од почетокот на минатиот јуни во вид на обезбедување суштинска помош на организирани мрежи за криумчарење мигранти. Во однос на методологијата на дејствување (modus operandi) инволвираните имајќи ја како изговор нивната хуманитарна активност, им обезбедуваа на бегалските бранови од Турција информации и податоци од доверлив карактер, преку затворени групи и апликации на интернет, соопштуваат од грчката полиција.

Информациите што ги споделувале биле местата каде што се собираат мигрантите и бегалците на турското крајбреже за да тргнат кон Лезбос; кординати, насоки, време и место за одредени бегалски бранови; бројот на лица во чамците, временската прогноза; просторот за пристигнување; детали околу условите во бегалскиот камп Мориа.

Од грчката полиција соопштуваат дека истрагата продолжува со цел да се одреди целиот спектар на нелегални активности на конкретната криминална организација.

Министерот за миграција и азил на Грција Нотис Митаракис за целиот случај рече дека „намалувањето на бегалските бранови и улогата на одредени НВО веќе со месеци е основен приоритет на сите инволвирани власти”.

Треба да знаете
Последни објави