Search

Членови на карате клубот „Маваши“ обезбедија пласман на ЕП

На Балканското првенство кое неодамна се одржа во Дубровник, Хрватска членовите на карате клубот „Маваши” од Кисела Вода, Марта Димковска во кадетска конкуренција до 54 кг. и Стефан Апостоловски У21 до 67 кг. си обезбедија пласман на Европско првенство кое следната година од 7 до 10 февруари ќе се одржи во Данска.

Димковска на ова натпреварување постигна одлични резултати, додека Апостоловски во четвртото коло за влез на финалниот натпревар изгуби од Светскиот првак од Хрватска и во репасаж го освои третото место, со што младите каратисти си обезбедија директен влез на Европско првенство.

Пред овој голем успех младите каратисти Марта Димковска и Стефан Апостоловски на државното првенство за кадети – јуниори У12 ги освоија првите места, кои ги однесоа на Балканското првенство кое беше критериумско за пласман на големото европско натпреварување. За овие успеси најзаслужен е тренерот на КК „Маваши” Димче Савевски.

Треба да знаете
Последни објави