Search

Членовите на британското кралско семејство имаат кодни имиња, кралицата е Шерон, принцот Хари е Дејвид

Многу луѓе на интернет обожаваат статии за британското кралско семејство, а тоа понекогаш се припишува на мистеријата што владее околу неговите членови. Детали од приватниот живот на кралицата и нејзините наследници ги интересираат сите фанови на Виндзор.

Така, деновиве во британските медиуми се појавија информации дека телохранителите на кралицата Елизабета имаат посебно име за неа кога се појавува во јавноста.

„Дејли мирор“ пишува дека телохранителите ја нарекуваат кралицата Шарон или само „С“. Тоа е нејзино кодно име, за да се заштити нејзиниот идентитет. Кога комуницираат со пораки, телохранителите ја нарекуваат кралицата само „С“, што се претпоставува дека е од придавката „суверена“.

„Мирор“ пишува дека Дејвид Стивенс и Давина Скот се кодните имиња на принцот Хари (35) и Меган Маркл (38).

Треба да знаете
Последни објави