Search

Чкаља живеел во една соба и се оженил со прстен вреден 50 денари

Еден од најомилените српски глумци на сите времиња Миодраг Петровиќ Чкаља со својата единствена љубов, Драгица, се оженил со прстен кој бил вреден дури 50 денари. Скромната љубовната приказна на Петровиќ започнала уште во далечната 1948 година. Истата година тој се венчал со својата љубов во тогашната зграда на Центарот за култура “Божидар Адџија”. Колегите кои биле поканети на забавата мислеле дека се снима филм, а не дека станува збор за склучување на граѓански брак.

Убав пролетен ден. Ние како група актери од Радио Драма, каде што беше член и Чкаља, Никола Смедеревац и познатиот комичар Јован Геко тргнавме на прославата. Голем дел од нас мислеа дека дури станува збор и за шега, мислевме дека нема да се појави на сопственета венчавка- се сеќавале неговите колеги.

Шегите оделе до таму што мислеле дека и Драгица ќе се премисли поради ниската плата на Чкаља. Но се завршило одлично. Венчавката била скромна со прстен вреден дури 50 денари. Прославата била семејна во мала кафеана. Наскоро по свадбата им се родил син Чедомир.

Драгица долги години по бракот се сеќавала дека во селењето од стан во стан го изгубила прстенот кој за неа имал непроценлива сентиментална вредност. По славата на актерот дошле и парите и вистински прстен. Но неговата сопруга го помни само првиот.

Треба да знаете
Последни објави