Search

Чичаковски конкурирал за управен судија

Поранешниот претседател на Државната изборна комисија Александар Чичаковски конкурирал за судија во Управниот суд, беше соопштено на денешната седница на Судскиот совет на Република Северна Македонија.

Чичаковски, како што беше посочено на седницата, може да оди понатаму во изборот заедно со другите кандидати кои положиле компјутерски вештини.

Тој заедно со членовите на ДИК поднесоа оставка по парламентарните избори во 2016 година, откако беше обелоденета аферата со делење бонуси, покрај високите плати.

Треба да знаете
Последни објави