Search

Чинговски: Во сефот на Божиновски во ВМРО-ДПМНЕ видов пари во пачки

По бизнисменот Силјан Мицевски кој сведочеше во случајот “Талир” за незаконско финансирање на ВМРО-ДПМНЕ и перење 5 милиони евра, на пултот во судницата во Основниот кривичен суд застана поранешниот генерален директор на ЕЛЕМ Влатко Чинговски, oбјави СДК.мк.

На прашање на обвинителката Ленче Ристоска како член на Извршниот комитет дали знае како се финансирала ВМРО-ДПМНЕ, тој кажа дека го знаел само официјалното: партијата се финансира преку членарини. Како висок партиски функционер тој имал траен налог во банка, зашто функционерите плаќале повисока членарина.

Но, на прашање на обвинителката тој опиша шема како периодично имал задача да му предава на Божиновски лично на рака доброзапакувани пратки со селотејп, за чија содржина не знаел. Му било кажано дека предава документација од компаниите наменета за Божиновски.

-Во 2012 година Божиновски во подолг разговор побара подетални информации за работата на ЕЛЕМ. Бараше податоци кој колку должи на компанијата, кои проекти се работат, нивната вредност која е, кој ги работи тие проекти,…”, одговори Чинговски.

Потоа пак бил викнат во Владата, кога и му кажале дека одреден број на компании се задоволни од соработката со ЕЛЕМ, па се спремни да помогнат и на Владата и на партијата ВМРО-ДПМНЕ.

-По одреден период, Божиновски ќе се јавеше кај мене на телефон и ќе побараше од мене да се јавам кај тие компании што изразиле поддршка и да ги потсетам дека ветиле помош и дека треба да ја реализираат. Јас им се јавував во име на Божиновски и ги потсетував, кажа тој.

Според него, еднаш во канцеларијата на Божиновски видел отворен сеф, а во него видел нешто што личело на пари во пачки.

Тој како курир на „документацијата”, побарал да биде изземен зашто во една прилика бил обвинет од генералниот секретар на Владата и на партијата ВМРО-ДПМНЕ Божиновски дека „тоа што било содржина на документот, не одговарало на очекуваната содржина”.

Треба да знаете
Последни објави