Search

Чилиќ го победи Изнер и останува во игра за полуфиналето во Лондон

Хрватскиот тенисер Марин Чилиќ по пресврт го совлада Американецот Џон Изнер со 2:1(6:7, 6.3, 6:4) во  второто коло од групата А на завршниот мастерс турнир во Лондон.

Изнер со освоениот сет му овозможи на Новак Ѓоковиќ пласман во полуфиналето, бидејќи Србинот има две победи без загубен сет, па и да загуби од Хрватот во следното коло ќе има подобра сет разлика од него. Претходно Ѓоковиќ со 2:0 го порази Зверев, кој, пак, во првото коло беше подобар од Чилиќ.

Хрватот и Американецот одиграа очекуван меч во кој доминираше сервисот. Првиот сет го доби Изнер со 7:2 во тај-брејкот, но Чилиќ успеа да направи пресврт.

Треба да знаете
Последни објави