Search

Чикаго: Протест против имиграциската политика на Трамп

Неколку илјади демонстранти се собраа во центарот на Чикаго против имиграциската политика на американскиот претседател Доналд Трамп.

Според медиумите во САД, американските надлежни служби планираат денеска да спроведат голема рација и апсење на околу 2.000 илегални имигранти, на кои им е издадено решение за депортирање.

Демонстрантите носеле транспаренти на кои пишувало „Не деца во кафез” и „Укинете ја Агенцијата за имиграција”.

Портпаролот на полицијата Ентони Гуглеми изјави дека протестот поминал мирно и ниту еден од учесниците не е приведен.

Според проценките на полицијата, на протестот учествувале околу 5.000 луѓе.

Слични собири се одржани и во други градови на САД, а во Феникс полицијата уапсила 16 лица.

Треба да знаете
Последни објави