Search

Чикаго за прв пат од 1996 година ја започна сезоната со четири победи

Кошаркарите на НБА-лигашот Чикаго булс, ноќеска на гости го победиja Торонто репторс со 111:108. Булс со тоа стасаа до четвртата победа во четирите одиграни натпревари на почетокот од НБА-сезоната.

Последен пат Чикаго имаше четири стартни победи во шампионската сезона 1996/97 година, кога за тимот на Фил Џексон играа легендарните Мајкл Џордан, Скоти Пипен и Денис Родман.

Чикаго моментално е на врвот на табелата во лигата и е единствениот тим на Истокот кој нема пораз.

Следен противник на Чикаго ќе биде Њујорк никс ноќта четврток кон петок.

Треба да знаете
Последни објави