Search

Чибишев со апел до граѓаните: Посочената комбинација на лекови за корона вирус мора да се користи под надзор на лекар

Доктор Андон Чибишев на денешниот LiveChat на ВМРО-ДПМНЕ говореше за актуелната ситуација со корона вирусот.

Доктор Чибишев укажа дека социјалните мрежи се моќна алатка за да се пренесат информации, но и дезинформации и да ги искомплицираат работите. Тој укажа дека и светски лидери излегоа и рекоа дека комбинација на два препарати, прво, хлорокин кој се користи за маларија и вториот препарат, азитромицин моќен антибиотик кој се користи за лекување на бактериски инфекции на респираторниот тракт се еден вид лек. Тоа, додаде Чибишев, граѓаните погрешно го сфатија мислејќи дека ако заболат добро е да си ги имаат двата лека и да почнат ад си ги пијат, а според некои информации се оди дотаму што некои ги пиеле превентивно.

„Хлоракинот се зема само под контрола на доктор, во спротивно може да предизвика оштетувања на срцето, бубрезите и нервниот систем и на делови на окото. Таквите оштетувања се неповратни. Азитримицинот е делотворен при тешки инфекции и дава фантастични ефекти, но земен на своја рака предизвикува оштетувања на клетките кои го градат црниот дроб и ако се оштетат може да настане слабост на црниот дроб, исто делува и на спроводниот систем на срцето. Азитромицинот може кај одредени индивидуи да делува на тој  начин што ќе го поремети ритамот, работата на срцето, кај некои граѓани тоа може да бидат лесни појави, но може да има и животозагрозувачки компликации. Исто така специфика што ја имаат повеќе антибиотици е тоа што можат да предизвикаат тешко заболување на дебелото црево и до компликации на други органи и сето тоа да биде животозагрижувачки. Затоа јас решив на социјалните мрежи и сега во оваа прилика да апелирам до граѓаните да не купуваат на своја рака посебно вакви лекови, но и генерално било какви лекови, како и да не ги користат без препорака од лекар“, рече Чибишев.

Докторот посочи дека не треба ништо ново да се измислува, туку само да прифатат препораките на Светската здравствена организација.

„Пораката од Светската здравствена организација се состои од три збора Тестирај, тестирај, тестирај. Мислам дека тоа е прифатено од Јужна Кореја и мислам дека таму имаат најдобри резултати во контрола или трансмисија на вирусот. Информациите говорат дека вршат масовно тестирање на населението и со тоа го спречуваат ширењето. Прво, за кај нас не знам колку имаме капацитет за тоа како држава. На еден прес го слушнав министерот доктор Филипче кој рече дека имаме илјада тестови, а уште толку ќе добиеме. Мислам дека тоа е мала бројка и треба повеќе тестови и повеќе тестирања. Второ прашање е колку имаме обучен кадар во институциите да зема материјал, зошто не секој може да земе материјал. Материјалот треба уште постручно да се испитува. Тоа се виде и во случајот со Куманово кај пациентката која два пати била тестирана и била негативна и одеднаш по смртта да се покаже дека била позитивна. Тоа доведе и до заболување на здравствени работници“, посочи Чибишев.

Докторот посочи дека се направија неколку пропусти уште кога се појави случај на 26 февруари. Кај нас, посочи тој, имаше тренд на враќање на наши граѓани кои работеле во Италија, но и од други кризни региони, имаше информација дека истите биле проверувани делумно, а некои воопшто не биле проверувани. Според него на почетокот со ова е направен пропуст кој се покажа со тоа што токму тие лица први беа детектирани како носители на корона вирусот.

Треба да знаете
Последни објави