Search

Чибишев: Во ОХИС затаија институциите. О2 иницијатива: За многу прашања нема одговори

Се гледа веднаш дека затаија институциите во овој случај, мислам дека не е постапено по стандардите како што треба. Прво, каде исчезнал метил акрилатот што го нема, тој е лесно испарлив и го нема, значи испарил, изјави доктор Андон Чибишев во Топ Тема, каде се разговараше за инцидентот кој деновиве се случи во Охис.

Чибишев вели дека ова можеби не е прв пат бидејќи наназад една година постојано луѓето од тие делови на градот пишуваат дека има чуден мирис, дека им солзат очите, се гушат, нешто се случувало и претходно.

-Во однос на мерките, прво колку што знам метилакрилатот не се измива со вода, во сите упатства пишува дека тој со вода не се измива. Денот кога беше хаваријата, јас кога гледав сите во фабриката влегуваа без заштита дури и припадницитена АРМ, МВР како и новинарите, иако по сите упатства стои дека заштита e задолжителна, истакна Чибишев.

Ели Пешева од О2 иницијативата обвини дека многу прашања остануваат отворени и во овој момент нема адекватни одговори, бидејќи тоа што се добива како некаква полуинформација се коси со информациите кои што се официјално поврзани со компанијата што била ангажирана да го чисти.

Кога се случило тоа испуштање на хемиската материја немало никој кој што бил присутен на локацијата. Значи ние не ни знаеме точно кога тоа е направено. Никој нема точни и комплетни податоци што се има во кругот на Охис. Привиден увид може да се направи во огласот кој го има објавено стечајниот управник во дневните весници на 11 април 2018 година. Различни се количините кои што се обајвени во тој оглас, за кој се исплатени 2 милиони евра, од оние кои што се утврдени со елаборатот. Метил акрилат мономер пишува дека 11 тони треба да бидат отстранети, е сега во елаборатот стои дека при инвертизација на резервоарот со метил акрилат е забележано дека истиот го нема во резервоарот. Се претпоставува дека таа количина на метил акрилат е испарена и се поставува прашањето што тогаш испарило во четвртокот и дали тие се адекватните симптоми кои што граѓаните ги почуствувале, праша Пешева.

 

 

Треба да знаете
Последни објави