Search

Чешка ќе почне да гради капацитети за пациенти со Ковид-19 надвор од болниците

Чешка ќе почне да гради капацитети за пациенти со Ковид-19 надвор од болниците, соопштија властите денеска, додека дневното зголемување на новите случаи на коронавирус поставува нови рекорди.

Министерот за внатрешни работи Јан Хамацек изјави дека армијата од сабота ќе почне да гради простор за 500 болнички кревети на саемите во Прага.

Земјата со 10,7 милиони жители има најбрза стапка на инфекција во Европа, бидејќи случаите се удвоиле само во октомври, на 139.290. Во средата, Министерството за здравство пријави нови 9.544 случаи на ковид-19, што е најголема еднодневна бројка досега.

Премиерот Андреј Бабиш изјави дека е потребно да се започне со градење дополнителни капацитети.

– Немаме време, изгледите не се добри.Овие бројки се катастрофални, рече Бабиш.

Треба да знаете
Последни објави