Search

Чешка ќе мора да и врати на ЕУ стотици милиони евра заради судир на интереси

Европската комисија утврди дека Чешка мора да врати стотици милиони круни, бидејќи премиерот Андреј Бабиш не се одвоил доволно од компаниите што ги добија средствата, јавуваат чешките медиуми.

Тоа би можело да доведе уште еден централноевропски лидер во судир со извршната власт на ЕУ и да му наштети на Агрофорт, голем конгломерат што го изгради Бабиш во текот на две децении пред да го предаде на фондови во 2017 година.

Довереничкиот ангажман не е доволен за да се избегне потенцијален конфликт на интереси, според необјавениот финален извештај на комисијата за тоа прашање. Се додава дека „Андреј Бабиш се уште е крајниот сопственик на Агроферт холдинг, а од февруари 2017 година има и два фонда што директно контролираат групата и имаат директен економски интерес за негов успех “.

Според првичните сознанија на ревизијата, кои протекоа во медиумите во јуни, 451 милиони круни субвенции од ЕУ неправилно се доделени на Агроферт, како резултат на судир на интереси и други неправилности.

Чешките медиуми наведуваат дека конечниот извештај на Комисијата ги потврдил прелиминарните заклучоци.

Европската комисија во петокот соопшти дека ги испратила резултатите од ревизијата до чешките власти, но дека нивната содржина е доверлива бидејќи процесот на ревизија не беше завршен.

Компаниите во рамките на групацијата Агрофорт, јадрото на имотот на Бабиш, проценети од Форбс на 3,5 милијарди американски долари, беа примачи на најголемите субвенции на ЕУ за спроведување на земјоделски и инвестициски проекти во Чешка.

Треба да знаете
Последни објави