Search

Чешка трети ден по ред има над сто заразени со коронавирус

Властите во Чешката Република веќе трети ден по ред имаат регистрирано повеќе од 100 нови заразени со коронавирус, а вкупниот број изнесува 12.919, соопшти денеска Министерството за здравство во Прага.

Бројот на активни случаи во земјата во моментот е 4.439. Од почетокот на пандемијата излекувани се 8.128 пациенти, а починале 352.

Коронавирусот е најраспространет во северо-источниот дел на Чешка, а најмалку во јужните региони.

Треба да знаете
Последни објави